Beschreibung
M-banking сервисот на Стопанска банка е дел од i-bank платформата која претставува пакет на самоуслужни банкарски услуги.
M-banking сервисот се користи со i-bank корисничкиот пристап и лозинка, односно истиот кориснички пристап и лозинка што се користат за најава и во e-banking сервисот на Стопанска банка.
Доколку се уште не сте корисник на i-bank сервисот на Стопанска банка, бесплатен кориснички пристап може да побарате и веднаш да добиете во било која филијала на Банката. Притоа може да добиете пристап само за увид во банкарските сметки и производи или да добиете софтверски или хардверски токен за едноставни плаќања на банкарските услуги преку компјутер (e-banking) или паметен телефон и таблет (м-banking).
Апликацијата е бесплатна и отворена за користење.
М-banking апликацијата Стопанска банка ви ги овозможува следните услуги:
• Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, напредно пребарување на налози и изводи и сл.)
• Креирање на ПИН код за поедноставно и побрзо најавување без да се компромитира безбедноста на вашите финансиски информации
• Најава со користење на биометриски податоци (отисок од прст и Face ID)
• Можност за автентикација со софтверски токен
• Користење на готови шаблони за брзи уплати на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања
• Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци
• Извршување на налози за плаќање преку стандардните ПП30 и ПП50 обрасци
• Извршување на девизни налози и конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки
• Пристап до информациите за личните банкарски производи, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити, амортизациони планови, листа на уплати на кредити и сл.
• Можност за “on-line“ аплицирање за кредитни и дебитни производи на Банката 24/7
• Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на банката
• Курсна листа со напреден преглед, меѓувалутен калкулатор, избор на курс и трендовски приказ на движењето на различни валути за период од 1, 3, 6 или 12 месеци наназад
• Лоцирање на банкоматите и филијалите на Банката со можност за креирање на локациска рута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт податоци, лоцирање на најпопуларните трговци на рати без камата интернет продажни места
• Директен повик до 24/7 Контакт Центарот на Банката или поврзување со СБ преку FB, TW и другите социјални медиуми, како и следење на веб новостите на Стопанска банка.
• Нотификациско сандаче за прием на корисни push и веб известувања
• Пчелка – мобилно катче за најмладите со пристап до Боенка и едукативна игра “Пчелка“
Ausblenden
Mehr anzeigen...